Новиот соиграч на Елиф Елмас во дресот на Наполи беше еден од најдобрите во составот на Гатузо во победата над Сампдорија од 4:2, постигна гол и го докажа квалитетот поради кој беше ангажиран од Лајпциг во јануари.

„Прекрасно е што постигнав гол и му помогнав на мојот тим. Не сакам да бидам споредуван со Марадона, се викам Диего затоа што мојот татко е голем фан на Марадона. Јас сум фан на Гатузо и на Пирло, мислам дека тие беа одличен пар на теренот. Што се однесува до сезоната, мора да продолжиме да напредуваме, да стигнеме најпрво до 40 бода а потоа да размислуваме за Европа.“ – изјави Деме.

Наполи во 23 коло од Серија А ќе го пречека Лече во обид да ја запише третата победа во низа.