Атлетико Мадрид официјално потврди дека е постигната согласност со Диего Коста за раскин на договорот.

Напаѓачот побара и доби прекин на соработката поради семејни прични, но тоа не значи дека Диего Симеоне нема план.

Во меѓувреме Атлетико Мадрид испрати понуда до Наполи за позајмица со можност за откуп на договорот на Милик од Наполи.

Во следните неколку денови ќе биде познато дали соиграчот на Елмас ќе се пресели во Мадрид.