Ангажманот на Луис Суарез придонесе Диего Коста да се пресели на клупата за резерви на Атлетико Мадрид.

Поради ова Коста побарал раскин на договорот кој истекува во јуни 2021 година и веднаш да добие шанса да си најде нов клуб каде што би играл редовно.

Диего Симеоне побарал од Коста да не без со одлуката и ако веќе сака да си одие да му даде време на клубот да го продаде во зимскиот преоден рок и да заработи неколку милиони евра од неговиот евентуален трансфер.

Коста сака да премине во Серија А, опција има во Јувентус, Милан и Рома.