Иако претседателот на Атлетико, Енрике Серезо, неодамна го поддржа Симеоне и изјави дека никој не се сомнева во неговите квалитети, The Telegraph тврди дека во Атлетико и те како се размислува за смена на Симеоне, па дури и се лицитира и со името на неговиот наследник.

Наводно, се работи за поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Почетино, чија работа многу му се допаѓа на директорот на Атлетико Андреа Берта.

Диего Симеоне го води Атлетико во изминатите 8 години и за тоа време клубот ја освои Ла Лигата, двапати славеше во Лига Европа и двапати настапи во финале на Лигата на шампионите.

Но, оваа година резултатите се многу послаби и Атлетико моментално е на 6. место во првенството на Шпанија