Херман Бургос објави дека по крајот на сезоната ќе ја напушти улогата на помошник тренер во Атлетико Мадрид со цел да гради своја кариера како главен тренер. Бургос му беше помошник на Симеоне од 2011.година.

„ На крајот од оваа сезона ќе започнам кариера како главен тренер. Со повеќе од 10.години искуство во елитни натпреварувања мислам дека сум подготвен и самиот да бидам тренер“- изјави Херман.

Тој издвои два моменти од годините работа со Аргентинецот.

„ Прегратката со Чоло кога ја освоивме Ла лига и прегратката по елиминацијата над Ливерпул годинава. Се надевам дека ќе има трета таква прегратка, ако ја освоиме Лигата на шампиони. Тоа е сон на сите во клубот“- додаде Бургос.