Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид говореше пред мечот со Милан во групната фаза од Лигата на шампионите, во второто коло од Лигата на шампионите.

Шпанскиот шампион во вторник ќе гостува на Сан Сиро. Атлетико ремизираше со Порто во првото коло, додека Милан загуби од Ливерпул.

,,Фантастично е што ќе играме против Милан. Тие се едни од најдобрите тимови, напредуваа во последните години. Ми се допаѓа и нивниот стадион. Знам дека играме против силен ривал, кој има одлични играчи“- изјави Симеоне.

„Нашиот противник е клуб кој игра добро, ќе биде тежок натпревар. Мораме да ги нападнеме таму каде што се слаби“.

Атлетико загуби од Алавес во последното коло од Ла Лига. Во претходните шест натпревари, тој забележа само две победи во сите натпреварувања.

„Расположението е добро. Се надевам дека играме добро. Свесни сме дека треба да бидеме подобри. Ривалите добро не познаваат, знаат како играме. Мораме да смениме нешто, да напредуваме. Ајде да најдеме нови начини да ги изненадиме“– додаде Симеоне.

Натпреварот во Милано во вторник е закажан за 21 часот.