Атлетико Мадрид сезонава има големи проблеми во фазата на напад, откако Мората и Диего Коста се далеку од некоја форма. Овој вториот поради повреда ќе паузира неколку месеци, па Симеоне сака на зима Атлетико да се засили на позицијата шпиц. „Јорганџиите“ имаат постигнато само 16 гола во првите 15 кола во Ла Лига.

Според „АС“ најголеми желби на Симеоне за таа позиција се Едисон Кавани од ПСЖ и Криштоф Пјонтек од Милан. Кавани ја игра последната сезона во тимот на ПСЖ, но тешко веројатно е дека Французите ќе го пуштат на зима Уругвајскиот репрезентативец.

Полскиот напаѓач сезонава се вклопи во „сивилото“ на Милан и има постигнато само три гола, а доколку пристигне Ибрахимовиќ клубот е отворен да го продаде во јануари.

Атлетико Мадрид за Пјонтек се подготвени и да го понудат Анхел Кореја, за кого „Росоњерите“  беа заинтересирани уште во летото.