Реал Мадрид втор натпревар по ред победува во Ла Лига со 1:0 со гол од пенал, ова е повод за многу сценарија и теории на заговор околку наводната помош која ја добива тимот на Зидан од судиите.

Ова мислење не го дели ривалот од Атлетико Мадрид, Сиего Симеоне кој тврди дека се е како што треба да биде.

„ВАР открива се. Предходно ја немавме оваа опција, сега работите се поинакви. Судиите и фудбалерите грешат, тоа брзо се изправа. Мора да се биде внимателен, но да бидиеме фер, Реал Мадрид напаѓа многу, често е во противничкото поле и поради тоа тие добиваат повеќе пенали. Штом се почесто во казнената зона, поголеми се шансите нешто да се случи.“ – вели Симеоне.