Францускиот фудбалски шампион ПСЖ после Пабло Сарабија и Андер Ерера го доведоа третото засилување во пресрет на новата сезона, а тоа е капитенот на младата фудбалска репрезентација на Франција,Дијало.

За него управата на ПСЖ плати 32 милиони евра колку што бараше Борусија Дортмунд за негов трансфер.

Дијало кој игра на позција централен дефанзивец со ПСЖ потпиша петгодишен договор кој ќе биде со важност до 2024 година.