Капитенот на Барселона, Лионел Меси кој на крајот на овој месец му завршува договорот, подготвен е да остане на Камп Ноу.

Аргентинскиот репрезентативец ќе потпише нов двегодишен договор, пренесуваат европските медиуми. Според нивните пишувања, Меси го известил претседателот Жоан Лапорта дека ја прифаќа понудата за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2022/23.

Напаѓачот за новиот договор ќе добие 35 милиони евра по сезона, а по истекот на договорот би требало да оди во американската МЛС лига, а потоа да се врати во Барселона и да добие некоја од фукнциите во каталонскиот клуб.

Аргентинецот во клубот дојде во 2000 година, а во првиот тим дебитираше четири години подоцна.