Дефанзивецот на Академија Пандев, Диме Димов ќе конкурира за првиот тим на Академија Пандев за двомечот против Зрињски од квалификациите од Лига Европа. Од таборот на освојувачот на Купот на Македонија потврдија дека Димов ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе се врати во нормален тренажен процес.

„Диме Димов се врати во тимот, а прв кој го пречека беше цимерот Сашко Пандев! По неколкуте медицински прегледи докторите дадоа зелено светло Диме да се врати со екипата во Разлог.

Неколку дена ќе тренира одвоено од тимот, по што ќе следува враќање во нормален тренажен процес и секако во комбинација за настап против Зрињски.

Огромна благодарност до нашите Иван Карас Јовановски и Ѓорги Цонкиновски, како и до докторскиот тим на ФК Берое и ФК Славија Софија за брзата и навремена интервенција.“ – соопштија од Академија Пандев.

Димов се повреди на пријателскиот натпреваро во Банско со екипата на Берое и беше неизвесен за стартот од новата сезона на Академија Пандев.