Возбудувањата во Македонската Прва лига продолжуваат викендот, а денеска ФФМ ги делегираше арбитрите кои ќе ја делат правдата на дуелите од 19.коло.

Честа да го суди дербито меѓу Академија Пандев и Шкендија ќе ја има Димитар Мечкаровски, а за судиски линии се поставени Петрески Гоце и Василевски Даниел, додека четврт судија ќе биде Савов Жанко.

На дуелот меѓу скопските ривали Вардар и Македонија Ѓ.П правдата ќе ја дели Стојчевски Игор, додека мечот на Шкупи и Борец ќе го суди Гоцевски Маријан.

Младеновски Марјан ќе му суди на Ренова и Силекс, додека дуелот меѓу Струга Дрим Љум и Работнички ќе го арбитриа Ѓоргиев Крумислав.