Победата над Словенија го потврди апетитот на генерацијата предводена од Горан Пандев па гостувањето во Варшава доаѓа во прав момент.

Сепак дека не е се совршено говори фактот дека првиот голман на Македонија, Столе Димитриевски и одличниот Аријан Адеми влечат мали повреди кои може да ги исфрлат од комбинација за неделниот меч во Вашава.

Според првичните информации, извесно е дека двајцата ќе бидат во комбинација за настап но за ова ќе се знае повеќе по денешниот попладневен тренинг  на нашата репрезентација.

Дополнителен проблем претставува фитнес формата на Стефан Ристовски кој вчера го даде последниот атом од силите, одигра 81 минута иако беше планиран само за половина час на теренот.

Македонската во сабота од 11 часот ќе го одржи официјалниот тренинг во Варшава кој треба да ја појасни сликата за тоа кој колку е подготвен за пресметката со селекцијата предводена од Роберт Левандовски.