Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и член на Шпански Рајо Валекано на денешната пре-конференција во Букурешт пред натпреварот со Австрија излезе со изјава за медиумите а во неа тој истакува дека притисок воопшто нема , тој е преточен во позитивна атмосфера и во голема мера сите веруваат во позитивен резултат против Австрија.

„Притисок го претвараме во мотивација да дадеме максимуим и да одиграме одличен прв натпревар. Добро ги анализираме противниците, мислам дека имаат доста квалитетни играчи, затоа треба да бидеме подготвени одбраната и јас да реагираме. Имаат играчи како Арнаутовиќ, Алаба имаат доста поединци, шутери, тоа го тренираме на тренинзите, се подготвуваме, за да може да се подготвиме најдобро и да парираме на нивните добри страни. Атмосферата во селекцијата е феноменална. Но, не дојдовме тука само како туристи и за прошетка , дојдовме да победуваме дојдовме за искуство, да освојуваме бодови. Реално, го исполнивме сонот. Сега нашиот сон и нашите амбиции да можеме да ја пројдеме групната фаза. Пред се најважно ни е да не го загубиме мечот со Австрија, и да одиме чекор по чекор. Верувам во моите соиграчи и во стручниот штаб“, рече Димитриевски.

Запрашан дали овој дебитантски настап е предност или недостаток Столе истакна дека секако е предност и немаме што да загубиме , само може да се подобриме и да добиеме на искуство.

„Искуство имаме одигравме доста квалитетни натпревари во изминатиот период, имаме доста искусни фудбалери и добро сме воиграни. Оваа еуфорија со пласманот да ја искористиме во позитивна смисла , стои тоа дека го загубивме натпреварот во Скопје убедливо но ова е ЕУРО ова е еден натпревар и ке сториме се за да победиме“, рече Димитриевски