Столе Димитриевски, беше видно разочаран по денешниот пораз од Украина во 2. коло на Европското првенство, иако беше еден од подобрите поединци во нашиот табор.

„Одигравме послабо прво полувреме. Во второто се прикажавме во најдобро издание на ова Европско првенство. Треба да се бориме до крај и да се обидеме да направиме поволен резултат на третиот меч. И во Холандија одиме со цел да се прикажеме во најдобро светло и со можност да освоиме бод или да победиме“, рече Димитриевски.

Тој во 84. минута му одбрани пенал на Руслан Малиновски, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот.