Во украинскиот Динамо Киев имаат многу ребуси за решавање пред двобојот со Барселона во Лигата на шампиони.

Како што соопшти RAC1, на два дена пред мечот на „Камп Ноу“ дури 11 фудбалери на украинскиот првак не се подготвени за настап

Осуммина од нив се позитивни на коронавирус.

Случајот наликува на оној на Шахтјор Доњецк од пред  две недели,

Шахтјор пристигна на пресметката со Реал Мадрид без осуммина првотимци, но и покрај тоа, Украинците ги изненадија „кралевите“ и триумфираа на „Алфредо ди Стефано“ .