Даниел Олмо е пред заминување од Динамо од Загреб, репрезентативецот на Шпанија до 21 година има многу понуди, се чини следна дестинација е Англија  и Тотенхем.

Тотенхем понудил 25 милиони евра за Олмо кој блескаше на Европското првенство во Италија каде со Шпанија ја освои шампионската титула.

Динамо Загреб го доведе Олмо во 2014 година  од Барселона и тоа беше вистинско изненадување за јавноста,  младиот  играч од Шпанија тогаш не беше во фокусот на вниманието, сега вреди милиони и ова ќе биде најдобрата инвестиција во историјата на Динамо.