Сензационална вест доаѓа од Хрватска, каде Динамо Загреб продолжува да изненадува со своите трансфер потези.

Динамо е на добар пат да го купи капитенот на младинската екипа на лондонски Арсенал, Роби Бартон, кој има 20 години и игра во средниот ред. Наводно трансферот треба да се случи веќе денеска.

Бартон често тренираше со првиот тим на Арсенал, одел и на подготовки, а има и еден настап за првиот тим и тоа против – Реал.

Навивачите на Арсенал се шокирани, особено што Бартон не оди на позајмица, туку се продава.

Самиот Бартон во овој трансфер гледа можност за поголема минутажа и шанса да се покаже во сениорскиот фудбал.