Денеска во Нион ќе се одржи ждрепка во Лигата на шампионите за групната фаза во елитното натпреварување.

Две змји од регионот ќе имаат свои претставници по групите сезонава, Хрватски Динамо Загреб и шампионот на Србија, Црвена Звезда.

Интересно е тоа што двата тима се во различни „шешири“  и можна е пресметка во групната фаза во Белград  и Загреб.

Во првиот шешир има три екипи од Англија, по една од Шпанија, Италија, Русија, Франција  и Германија.

„ШЕШИР 1“: Ливерпул, Барселона, Јувентус, Челзи, Манчестер Сити, ПСЖ,Зенит и Баерн Минхен.

„ШЕШИР 2“ : Наполи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Шахтојор, Тотенхем, Ајакс и Бенфика.

„ШЕШИР 3“ : Интер, Динамо Загреб, Валенсија, Бриж, Олимпијакос,Салзбург, Валенсија  и Лион.

„ШЕШИР 4“ : Црвена Звезда, Аталанта, Лил,Славија Прага, Лајпциг, Галатасарај, Генк и Локомотив Москва.

Првото коло се игра на 17/18 септември.