Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми најверојатно ќе може наскоро да се врати во тимот на Динамо Загреб откако се повреди во дуелот со Омонија во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

По најавата дека Адеми ќе мора да паузира најмалку два месеци од играњето фудбал, од шампионот на Хрватска информираа дека плејмејкерот има мало оштетување на мускулот на десната нога, кој веќе ја започнал рехабилитацијата.

Ова значи дека Адеми најверојано ќе се врати во конкуренција за настап до средината на август, а сто тоа ќе мора да игра за Македонија во септември.

На 1 септември во Скопје, Македонија ја дочекува Ерменија, три дена подоцна гостува кај Исланд а на осми септември ја дочекува Романија, ова се натпревари од мундијалските квалификации.