Новиот играч на „Бараварците“, Филипе Кутињо на својот дрес ќе го носи бројот 10.

Ваквата одлука беше чудна за многумина особено по претходните изјави на директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге кој рече дека дресот на Ајрен Робен (10) и „7“ на Франк Рибери ќе бидат повлечени по нивното заминување од клубот.

Сепак, денес Румениге откри дека самиот Робен побарал Бразилецот да ја добие неговата „10“.

„Разговаравме со Робен и му кажавме дека ако сака не мора да го даде својот дрес. Одби и рече дека десетката совршено му прилега на Кутињо.“ – појасни Румениге.

Кутињо пак, додаде дека бројот 10 во дресот на Баерн за него претставува голема одговорност и се надева дека на теренот ќе ги исполни очекувањата.

Навивачите, пак, се уште се збунети и негодуваат по ваквата одлука. Сметаат дека „10“ на Робен треба да остане забранета за други играчи.