Златан Ибрахимовиќ се збогуваше со Америка, со што стана главна тема со италијанските медиуми кои со недели шпекулираат каде би можел да ја продолжи кариерата.

Спортскиот директор на Болоња, Рикардо Бигон за италијански „Скај Спорт 24“ дополнителни ги подгреа гласините дека Ибрахимовиќ е името кое ќе ја засили Болоња.

„Работата е многу едноставна, дури и околу идеја толку комплексна како оваа. Односот меѓу нашиот тренер и Ибрахимовиќ е многу силен. Михајловиќ и Ибрахимовиќ се многу поврзани. Швеѓанецот се согласи идејата за доаѓање во Болоња да ја земе на разгледување.“ – изјави Бигон.

Тој истакна дека Синиша и Ибра се постојано во контакт, а фудбалерот од 1 јануари ќе биде целосно слободен за потпис во клуб кој тој ќе го избере.

„Изборот е на Ибра. Ние сме фасцинирани со оваа потенцијална соработка, но тоа не е ситуација која можеме 100 проценти да ја контролираме. Нашата отвореност за соработка е повеќе од позитивна.“ – додава спортскиот директор на клубот.

Михајловиќ и Ибрахимовиќ соработуваа од 2006 до 2008 година, кога Синиша работеше како помошник на Роберто Манчини во Интер.

Деновиве се појавија информации и за очекувањата на Ибрахимовиќ од новиот клуб во однос на неговите примања, а детали за тоа може да прочитате ТУКА.