Летниот преоден рок наголемо е во тек, а една од главните теми во светските медиуми е клубот во кој наредната сезона ќе игра норвешкото чудо Ерлинг Халанд.

За одличниот Норвежанец се интересираат многу клубови, меѓутоа проблем на сите им е големата отштета која би морале да ја дадат за негово доаѓање. Наводно Челзи е единствен подготвен да понуди цифра од околу 175 милиони евра.

Денеска за Билд говорел Себастијан кел, директорот на првиот тим на „Милионерите“, а разговорот за влијателниот германски медиум не можеше да мине без прашање за Халанд.

„Ќе остане ли Халанд ова лето? Да. Во преговорите со Мино Раиола за Дониел Мален, не стекнав впечаток дека ќе мора со него да се сретнам повторно околу Халанд. Не сакаме да го пуштиме“– порача Кел.