Директорот на фудбалската федерација на Италија Франко Барконаро ја реши дилемата околу тоа дали Кристијан Ериксен ќе ја продолжи кариерата во Интер.

Објасни дека данскиот репрезентативедц може повторно да заигра во Италија само ако се покаже дека е потполно здрав и ако го отстрани дефибрилаторот кој му е вграден во телот.

„Моментално Ериксен не смее да игра. Ако му го отстранат ИТЦ уредот затоа што со него се е во ред, може да се врати“– вели Браконаро.

Италијанската фудбалска федерација забранува и на професионално и на аматерско ниво да се натпревураат играчи со срцеви проблеми. Значи, за Интер повторно ќе заигра дури кога ќе се докаже дека е целосно здрав и дека нема да има потреба за помош од технологија.

Тоа правило не вреди во некои други земји. На пример, холандскиот репрезентативец Дејли Блинд има вграден ист таков уред, а уредно игра за Ајакс.

„Погледнете ме денеска. Затоа на сите им кажувам да го остават Кристијан на мир. Кога добив зелено светло од лекарите во болницата и клубот, се чувствува подготвен за враќање. Најважно е да си спремен во главата“– порача Блинд откако данскиот репрезентативец се сруши на теренот.

Големата е веројатноста дека Ериксен ќе пропушти голем дел од сезоната, а можеби и цела.