Јулијан Нагелсман на крајот на сезоната го напушта РБ Лајпциг и заминува на клупата на Баерн Минхен, потврдија денеска двата клуба.

Според Билд, Баерн ќе плати 25 милиони евра за новиот тренер, што претставува светски рекорд кога се во прашање трансферите на тренери.

Желбата за соработка била тука од двете страни. Нагелсман одамна има желба да го води Баерн, а извршниот директор на Лајпциг, Оливер Минцлаф вели дека тренерот му кажал дека тоа е остварување на неговиот сон.

„По гласините дека Баерн сака тренер, Нагелсма ни пријде и ни кажа дека тоа би му било остварување на сонот и дека би сакал да се пресели во Минхен, ако се укаже шанса. Јулијан започна фантастично патување со Лајпциј и успешно го развиваше нашиот клуб. Со него потпишавме долгорочен договор, кој не вклучуваше можност за разделба, но неговата интензивна желба значеше дека ќе му ја отвориме вратата, ако бидат исполнети одредени услови, односно ако Баерн може да ги исполни нашите финансиски очекувања“– кажал Минцлаф, пренесува Калчомеркато.

Нагелсман е роден Баварец, а со клубот на својот живот ќе потпише петгодишен договор, но тврди дека новонастанатата ситуација нема да му го тргне фокусот од актуелната работа.

„Прерано е за опростување и сеќавање затоа не сум ја завршил работата во Лајпциг. Мојата мисија завршува на лето, а до тогаш ќе продолжам со полн гас. Лајпциг е нешто посебно, но никогаш не сум криел дека сум воодушевен со тренерската позиција во Баер и да би бил среќен да ја добијам работата во Баерн ако единствената прилика се укаже“– изјави 33 годишниот тренер.