Директорот на Рома, Тиаго Пинто изјави дека Жозе Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на клубот, но дека треба време за напредок на тимот.

„Не можам да кажам дека сме задоволни, знаеме дека мораме подобро. Резултатите минативе месеци беа лоши, но сигурен сум дека она што го правиме, како и работата на Мурињо во иднина ќе донесат резултати“– изјавил Пинто за италијанските медиуми.

По 12 кола Рома е на шестата позиција со 19 бода, имаат 13 бода помалку од водечките Наполи и Милан.

„Сега не е право време да се сомневаме во проектот на кој работиме, како и во водството на Мурињо.“

Тој напоменува дека Мурињо работи на промена на менталитетот на тимот, од скаутариње, до анализа на мечевите.

„Меѓу другото, би било невозможно да се донесе Мурињо, да не не поврзува заедничка стратегија. По четири месеци работа сигурен сум дека ова а прав избор и дека Мурињо ќе биде еден од најважните тренери во историјата на Рома“– заклучува Пинто.