Директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино го обвини спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи дека го малтретирал судијата на натпреварот и се обидел да влијае врз него, пренесоа италијанските медиуми.

На вчерашниот натпревар од 34. коло во Серија А, Удинезе поведе на домашен терен во 10-та минута со голот на Молина и ја задржа предноста до самата завршница, а потоа Роналдо му донесе важна победа на Јуве со два гола.

Роналдо израмни во 84-та минута од пенал, што го заработи кога го удри Родриго Де Пол во раката од слободен удар во живиот ѕид. Судијата свирна пенал, а Кристијано Роналдо го реализираше истиот.

Но, на слободниот удар му претходеше контроверзен фаул од средниот бек на Удинезе, Јенс Стригер-Ларсен врз Хуан Куадрадо.

“Слободниот удар на Роналдо доведе до пенал за наводниот фаул на Ларсен врз Куадрадо, а всушност играчот на Јувентус направи прекршок. Така Јуве доби пенал по слободен удар кој не постоеше. Имам многу искуство и сум запознат со такви работи. “Паратичи, тренерот и играчите на Јуве,  вербално го нападнаа главниот судија  на полувремето и тоа секако влијаеше врз неговите одлуки. Таквите работи припаѓаат на друг период. Јас секогаш зборував против тоа и морав да го кажам тоа сега, “, рече директорот на Удинезе, Марино.

Јувентус се најде на третото место со овие три бода, стигнувајќи до Аталанта и Милан , а сега сите три клуба имаат 69 бода на четири кола пред крајот на шампионатот.