Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити го прекршил правилото 19 од регулативата на УЕФА за ангажнам на играчи помлади од 18 години.

Поради ова дисциплинската комисија на УЕФА ги казни „граѓаните“ со финансиска глоба од 315 000 фунти. Од Сити ја прифатиле казната и се согласиле да го платата износот на глобата.

За слично прекршување на правилата, Челси предходно доби забрана за купување на играчи во два преодни рока, моменталниот и следниот во јануари.

Поради ова дел од островски медиуми сметаат дека Манчестер Сити имал среќа во оваа истрага и добил помала казна од очекуваното иако се предвидуваше дека можно е актуелниот освојувач на Премиер лигата да биде исклучен од Лигата на шампионите на УЕФА.