Премиерот Зоран Заев во собранието на Македонија објави колкава е штетата од дивеењето на „Шверцерите“ за време на прославата во МНТ пред неколку дена.

Побарана е поединечна одговорност за настанот кој предизвика големо внимание кај нас по вандалското однесување за време на прославата.

„Столици, наслони, откорнат тапацир пет парчиња, ногарки 155 парчиња, вкупна штета 3.000 евра. Плус парапет на прва галерија и украсни лајсни десет метри што чини 240 евра. Орнаментни бордури од 200 евра, пет искршени подни светилки, теписони, дупки од отпушоци што изнесува 400 евра. Вкупната штета е 3.965 евра“ – објави премиерот Заев.