Реал ја загуби средбата од 27. коло на Ла Лига против екипата на Бетис, 1:2.

Овој пораз стана четврти во последните седум средби, што е знак за длабока криза во екипата, која претходно имаше само два порази на 32 натпревари. Сето тоа се случи за само еден месец.

Н а6 февруари Реал загуби од Реал Сосиедад во Купот на Шпанија, на 22 февруари загуби од Леванте во Ла Лига, на 26 февруари е поразен од Манчестер Сити во Лигата на шампионите и вчера од Бетис, повторно во Ла Лига.

Реал сега заостанува два бода зад Барселона во шпанското првенство.