Њукасл следниот преоден рок според правилата на финансискиот фер плеј може да потроши околу 230 милиони евра, а португалските медиуми тврдат дека знаат која е првата желба на култниот клуб.

Станува збор за 24 годишниот Колумбиец Луис Диаз кој ја воодушевува Европа со своите настапи за Порто, би можел веќе во јануари да замине во Англија. Клаузулата за негов трансфер е 80 милиони евра, а Њукасл како што тврди португалски Спорт ТВ е подготвен да плати толку.

Диаз во Порто пристигна пред две години за седум милиони евра од колумбиски Јуниор. Според Трансфермаркт тој е проценет на 25 милиони евра, а со Порто има договор уште три години.