Поранешниот холандски репрезентативец Марк Овермарс започнал преговори со Њукасл за преземење на позицијата спортски директор на клубот, ексклузивно јавува англиски Мирор.

Новите сопственици од Саудиска Арабија преку посредник го контактирале 48 годишниот Овермарс, кој минативе девет години во Ајакс изгради врвна репутација во препознавање, врбување и развивање на фудбалски таленти.

Како што пишува Мирор, Овермарс е заинтересиран бидејќи му било кажано дека ќе добие пари за будење на заспаниот џин од северот на Англија. Со себе најверојатно ќе го поведе и тренерот Ерик Тен Хаг. Тој ова лето доби повик од Тотенхем, а неговото име се споменува и како можен наследник на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед.

Овермарс со Ајакс има договор уште три години, но и клаузула според која може да замине во некој од клубовите од најсилните лиги откако ќе одработи три месеци отказен рок. Мирор пишува дека Ајакс би плати отштета како би го ублажил и забрзал неговото заминување од клубот. Во јануарскиот преоден рок новиот спортски директор треба да добеше засилувања како клубот би го избегнал испаѓањето од Премиер лигата во првата сезона со најбогатите сопственици во светот на фудбалот.

Во богата играчка кариера Овермарс како крилен напаѓач настапуваше пет години за Ајакс, три за Арсенал и четири за Барселона, а во 12 години беше и холандски репрезентативец, собирајќи 86 настапи и 17 голови.