Српскиот фубдалски тренер Милутин Средојевиќ е осуден во Јужна Африка на затворска казна поради сексуално злоставување.

Селектор на Уганда од судот доби услвона тригодишна казна затвор поради две сексуални злоставувања, потврдило Обвинителството. Во затвор ќе оди ако направи нешто такво повторно во рок од пет години. Она за што се товари тој го направил кога бил селектор на Замбија во декември минатата година.

За сексуално злоставување го обвинила 39 годишна келнерка од кафулето на стадионот. На прашање дали сака шеќер во своето кафе, покажувајќи кон неа тој одговори дека му треба друг вид шеќер. Подоцна тој ден Средојевиќ ја допирал на непримерен начин.

Спрскиот стручњак има тригодишен договор со Уганда.