Од Апенините пристигнуваат одлични вести за тренерот на Милан и целиот состав.

Имено, денес Златан Ибрахимовиќ успеа да го издржи целиот тренинг со своите соиграчи и по се изгледа ќе биде подготвен да се врати на теренот.

Оттаму и Жиру успеа да тренира денес, и како и Ибрахимовиќ се чини и тој ќе биде подготвен да настапи на дуелот со Верона закажан за в сабота.