Капитенот на Шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Бускетс е негативен на корона вирусот  и денес ќе се приклучи на националниот тим, објави Шпанската фудбалска асоцијација.

„Бускетс ќе се приклучи на тимот денес и ќе патува со тимот во Севилја откако победи Ковид-19“ – се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Бускетс беше позитивен на коронавирус на 6 јуни, пет дена пред почетокот на Европското првенство.

Тој беше во изолација, но според селекторот Луис Енрике, тој ја следел програмата за да ја одржи формата за време на карантин.

Шпанија го започна Европското првенство со реми со Шведска (0: 0), а вториот натпревар од групата Е се игра утре од 21 часот против Полска во Севилја.