Македонската фудбалска репрезентација доби добри вести од УЕФА. Бројот на играчи кои селекторите на фудбалеските репрезентации, меѓу кои е и на Македонија, Игор Ангеловски, ќе можат на Европското првенство да однесат 26, наместо досегташните 23 фудбалери. Ова е засега препорака на УЕФА, која пристигнува поради притисок кој се створува кај играчите поради пандемијата, односно позгуснатиот распоред и големиот број натпревари во краток период.

Селекторите со оваа препорака би требало да имаат поголем простор за маневар, а воедно сигурно ќе осигураат нормално функционирање на репрезентациите во случај на можна зараза на фудбалерите со коронавирусот.

Потврда за веста за ширењето на бројот на репрезентативци ќе стигне откако Извршниот одбор на УЕФА ќе ја потврди оваа препорака.

Европското првенство започнува на 11 јуни, а на него Македонија е во групата Ц заедно со Австрија, Украина и Холандија. Првиот меч го играме на 13 јуни на Националната Арена во Букурешт против Австрија, на истиот стадион четири дена подоцна, односно на 17 јуни играме против Украина, а групната фаза ја завршуваме на 21 јуни на Јохан Кројф Арената во Амстердам против Холандија.