Милан, очекува Златан Ибрахимовиќ да се врати на тренинзите оваа недела, откако по последните медицински тестови неговото опоравување од повредата на десната нога се одвива одлично.

Швеѓанецот заработи повреда на сулеозниот мускул на потколеницата мината седмица на тренинг, по која му дозволено да се врати во татковината и да остане со семејството. Првичните претпоставки беа дека Ибра ја повреди ахиловата тетива, но по тестирањата за среќа за него и Милан не стануваше збор за таа повреда која фудбалерите ги одалечува од терените повеќе од шест месеци.

„Тутуспорт“ пишува дека ќе се врати во Милано во наредните денови, и во среда или четврток, треба да ги помине потребните тестови како би се вратил на фудбалските терени.