Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, се согласи да дојде дојде во Манчестер Јунајтед, јавува Goal.

Овој офанзивен играч за врска е еден од приоритетите на раководството на Манчестер Јунајтед за ова лето.

Според изворот, Јунајтед се уште не ги почна преговорите со Астон Вила, но наводно Грилиш ја даде својата согласност и веќе ги договори личните услови со клубот од „Олд Трафорд“, и веќе почна да бара куќа во Манчестер.

Неговиот договор со Астон Вила завршува на 30 јуни 2023 година, а неговата пазарна вредност е 35 милиони евра.

Во Астон Вила тој прима околу 120000 евра неделно, но во Јунајтед ќе прима многу повеќе.

Грилиш сезонаванастапи на 27 средби во дресот на Астон Вила во сите натпреварувања и има ефект од 9 гола и 7 асистенции.