Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ја залечил повредата на мускулот на ногата и се очекува да биде дел од составот на Леванте за викенд пресметката со Севилја во Ла лига.

Според медиумите во Шпанија, Барди на предходните неколку натпревари играл со болка и поради тоа морал да направи пауза а отсуството од репрезентацијата на Македонија за дуелите со Словенија и Полска го искористил за рехабилитација.

Барди од денеска почнувада тренира во полн ритам и до недела кога клубот од Валенсија ќе и гостува на Севилја ќе биде во топ форма, прогнозираат медиумите од Пиринеите.