Како пренесуваат англиските медиуми, во Ливерпул нема големи грижи, Салах сепак не е тешко повреден. „Црвените“ остварија победа против Лестер на „Енфилд Роуд“ со 2:1 со гол во последните моменти од натпреварот, но тоа беше во сенка на повредата на Мо Салах.

По прегледите кои клубот ги направил, Египќанинот не е потешко повреден и се претпоставува дека ќе биде фит за две седмици кога Ливерпул гостува на „Олд Трафорд“ кај Манчсестер Јунајтед.

Клубот од „Енфилд“ се уште нема официјален став околу повредата на Салах, но наскоро треба да се добие потврден одговор на оваа информација.