Самир Хандановиќ се очекува веќе во четврток за дуелот против Лудогорец повторно да се најде меѓу стативите на Интер, иако според најавите тој својот кам -бек ќе го има на дербито против Јувентус престојниот викенд.

„Tuttosport“ пишува дека словенечкиот голман ја санира повредата на прстот од десната рака и дека ќе го замени Даниеле Падели на реванш мечот против Бугарскиот тим во рамки на реванш мечот од Лига Европа.

Падели во периодот од речиси еден месец не се пприкажа во најдобро светло, а Даниеле беше единствена опција за Словенецот, бидејжи Јонаут Раду замина на позајмица во Парма.

Хандановиќ, кој дојде од Удинезе за 15 милиони евра во јули 2012 година, сеззонава во 21 натпревар седум пати успеа да ја сочува мрежата незатресена.