Според „La Gazzetta dello Sport“, Златан Ибрахимовиќ, и следната сезона ќе го носи дресот на Милан, откако тој ја променил првичната одлука да го напушти Милано.

Весникот открива дека поранешниот интернационалец од Шведска е убеден да остане на „Сан Сиро“ и да продолжи да работи со тренерот Стефано Пиоли, а во наредните денови треба да потпише нов договор. Според „La Gazzetta dello Sport“, тој ќе заработува 4.милиони евра по сезона, која може да се зголеми како резултат на бонуси од самите негови игри.

Швеѓанецот во Милан се врати во јануари, а во вториот дел од сезоната беше главна алка за пропородениот Милан кој стигна до шестото место во Серија А сезонава.