Килијан Мбапе и Мауро Икарди се подготвени за настап и ќе фигурираат во почетната единаесетка на ПСЖ за викенд пресметка со Бордо, пренесуваат медиумите од Франција.

Ова го потврди на денешната пресконфенреција и тренерот на ПСЖ, Тухел кој ги увери навивачите дека ПСЖ овој викенд ќе биде значително посилен и подготвен за напад на три бода.

Едисон Кавани сеуште не е опоравен во целост и нема да биде дел од составот на ПСЖ кој има имератив да им се врати на победите откако загуби во минатото коло од Ремс со 2:0 на домашен терен.

ПСЖ во моментов има 15 бода по седум кола и е на делба на првото место на табелата со Анжер кој има полоша гол разлика.