Ентони Марсијал нема повреда како што првично беше најавено и најверојатно ќе биде подготвен за дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул закажано за в недела од 17:30 на „Енфилд Роуд“ во Премиер лигата.

Според последните проверки и испитувања, Марсијал има големи шанси да биде подготвен за настап иако можно е да не биде дел од почетниот состав на Солскјер.

Островските медиуми пренесуваат дека Гринвуд па дури и Даниел Џејмсс имаат поголеми шанси да се најдат во стартниот тим на Јунајтед на позицијата десно крило, додека Рашфорд ќе биде вратен на левата страна.

Марсијал оваа сезона за Манчестер Јунајтед постигна два гола и три асистенции во Премиер лигата.