Месут Озил нема да биде ниту на трибините за да го следи Арсенал во финалето против Челси во ФА Купот.

Германскиот репрезентативец одлучил да замине на одмор во Турција откако дознал дека нема да биде во првиот тим на Артета за денешното финале.

Со ова Озил само ја потврди најавата дека не се гледа повеќе во Арсенал ова лето дефинитивно ќе го промени клубот.

За Озил интерес има од повеќе тимови од Турција и од САД.