Антонио Конте ги очекува официјални понуди за Кристијан Ериксен кој не успеа да се снајде во Интер и сега е на продажба.

ПСЖ и Арсенал беа фаворити за неговиот потпис но можно е Данецот на крајот да заврши во Ла Лига. Валенсија веќе испратила понуда за шестмесечна позајмица за Ериксен со можност за откуп на договорот во текот на летото.

Ериксен заработува 7,4 милиони евра по сезона и поради ова Интер бара опција за брзо ослободување од оваа давачка кон играчот кој не добива шанса кај Конте.