Марио Балотели и Бреша се разделуваат, поранешниот репрезентативец на Италија веќе има нов клуб, тврди Тутоспорт.

Според Тутоспорт, менаџерот на Балотели, Мино Рајола му договорил трансфер во ЛА Галакси каде играше Златан Ибрахимовиќ.

Менаџер на Швеѓанецот е Мино Рајола, затоа не е чудно што Балотели е на пат за Америка.

Балотели се сложил да ја напушти Италија и Европа и да замине во Америка кога ќе биде постигнат договор.