Медиумите од Италија предводени од „Кориере Дела Сера“ тврдат дека натпреварите од оваа сезона во Серија А ќе продолжат на 3 Мај.

Ова зависи од одлуката на УЕФА во вторник дали престојното Европско првенство ќе биде одложено и презакажно за следен теремин, евентуално за следното лето.

Според последните прогнози, ако најсилното фудбалско првенство на Апенините продолжи на 3 Мај последното коло би се играло на 30 јуни.

Засега немало позитивна клима меѓу клубовите од Серија А и од Серија Б за ова решение но на крајот се ќе зависи од комесарите на натпреварувањата како и од Управните одбори на лигите и на клубовите.