Ривалството меѓу Интер и Јувентус во последните години го немаше тој сјај од порано, поради лошите резултати на „нероазурите“, но оваа сезона конечно Интер се чини се враќа на старите патики. Тоа веднаш ги загреа страститите меѓу двата клуба, а „старата дама“ на „зелена маса“ бара да му се одземе скудетото на Интер за сезоната 2005/06 кое му беше доделе по скандалот Калчополи.

За потсетување, станува збор за сезона во која шампион беше Јувентус, но по скандалот „Калчополи“ клубот од Торино беше исфрлен од лигата, а овој трофеј му беше одземен и пренесен на второпласираниот Интер. Од Јуве тврдеа дека „нероаѕурите“ никако не смеат да останат сопственици на скудетото при докажани противзаконски дејствија на тогашниот претседател Морати.