Премиер лига во наредните три дена ќе организира тестирање на судиите и помошниците, по што тие ќе имаат можност да ја делат правдата на пријателските натпревари кои служат за подготовка пред продолжението од сезоната.

Тие ќе бидат тестирани како и фудбалерите на Коронавирус, а резулатите ќе бидат познати во наредните три дена. Секој од нив е должен да оди на најблискиот стадион и таму да му бидат извршени тестови, но некои ќе бидат тестирани и во своите домови.

Премиер лига ќе продолжи на 17.јуни кога ќе се сретнат Астон Вила – Шефилд Јунајте и дербиот меѓу Арсенал-Манчестер Сити. До крајот на седмицата ќе се знаат имињата на судиите кои ќе ги судат овие мечеви.